Српската државна телевизија РТС објави цела емисија псоветена на Охрид во рамки на магазинот „Око“. Во емисијата по скоро 8 години отсуство од јавноста како археолог, се појавува Паско Кузман, кој раскажува околу археолошките откритија во минатите децении.
Паско Кузман раскажува како властите во земјава влијаеле врз
„Е тогаш дојде , своевремено, ево да му го спомнам името Љубчо Георгиевски, ВМРО, таквите десничарски апртии повеќе гледаат на минатото од колку на иднината, додека левичарските партии како СДСМ и Бранко Црвенкоски повеќе ги интересира индината. Но ние археолозите велиме: Со помош на светлото од назад , гледаме напред“. – рече Паско Кузман во емисијата.
Кузман зборува и за менталитетот на луѓето во Охрид уште од време на неговите гимназиски денови.
„Охриѓани се романтични „занесењаци“, кои многу фантазираат , а малку прават. Јас уште кога шетам низ корзното и градот си замислувам дека живеам во моето време, мојата младост која беше најубава. Имав еден псотар колега во музејот кој често велеше: Боже како ќе ја напуштам оваа убавина ? Како ќе умрам ? Не смеам да умрам !“ – рече Паско Кузман.
Во емисијата гостува и бисерџијата Михајло Филев, нуркачот Милутин Секулоски како и туристичкиот водич Љупчо Кизмески кој се осврнува на новото име Северна Македонија.