АктуелноИздвојувамеНаш изборОхридРепублика

Портпаролката Сузана Вренцоска објавила измислена изјава на скопски портал ?

Дали официјалната портпаролка на реномираниот фестивал „Охридско Лето“ Сузана Вренцоска објавила измислена изјава од „охридската полиција“ на порталот каде е дописничка ?

Во текстот објавен и потпишан од портпаролката на „Охридско Лето“ стои став на како што пишува „охридската полиција“ во кој се вели:

„Од охридската полиција велат дека станува збор за нивни познат сограѓанин, кој и претходно бил пријавуван и носен по институции. Оттаму велат дека порано шетал по танга, но сега се охрабрил и соосема се соблекол.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека таква изјава од охридксата полиција никогаш не е дадена.

„ Не! Од охридската полиција не е дадена таква изјава. Од наша страна беше кажано дека сме информирани за случувањето, дека припадници на Полицијата излегоа на лице место но не го затекнаа лицето за кое имавме пријава во тој момент тука.“ – дословно ја цитираме изјавата на Стефан Димоски.

Дали портпаролката на „Охридско Лето“ ја измислила изјавата која ја објавила во порталот и како таа го пишувала текстот и се јавувала во Полиција во работно време кога би требало да работи во фестивалот „Охридско Лето“ ќе дознаеме ако портпаролот на  СВР Охрид Стефан Димоски го пријави случајот во „Советот за етика во медиумите“.

ОХРИДСКОТО КОЛЕКТИВНО НОВИНАРСТВО ПУШТЕНО НА НАЈ ЈАКО

Не професионализмот, импровизацијата и „пљукни залепи“ правењето прилози на т.н. „Охридско колективно новинарство“ последниве години кулминира. Целосно исти текстови потпишани од различни дописници се објавуваат на телевизии и портали, едни исти изјави се пуштаат на телевизиите, а можете да видите како изјава дадена во зима ( човек облечен во зимска облека ) на телевизија се пушта среде лето. Еден исти прилог, ( со скоро ист текст и исти изјави од соговорникот сниман еднаш )  една телевизија го има објавувано три пати, и истиот на нејзиниот Јутуб канал е аплодиран три пати, во период од три години.

Прашање на време е кога некој покојник, снимен некогаш низ годините ќе се појави со изјава на телевизија и ќе анализира актуелна состојба.

ОХРИДСКО КОЛЕКТИВНО НОВИНАРСТВО е термин створен од легендарниот новинар , покојниот Никола Манески кој овој термин го употреби анализирајќи ги приликите во охридските дописништва и портали.

Автор: Љ. Таневски

Фото:  колаж од фотографии на: Прес служба на „Охридско Лето / прес служба на СВР Охрид