АктуелноВидеоИздвојувамеИнтервјуаНаш изборРепублика

Богојески: СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се управувани од ист мафијашки центар

Лидерот на „Македонски концепт“ Петар Богојески во интервју за „Скопје 1“ вели дека Македонија мора да се ослободи од како што рече „мафијашкото ропство“ во кое се наоѓа. Тој одговарајќи на повеќе прашања напоменува дека мафијата ги контролира како што рече сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Зборувајќи за актуелниот  естаблишмент на ВМРО ДПМНЕ Богојески го користи зборот „палатисти“.

„Сон на секој болен човек е да оздрави. Во ВМРО ДПМНЕ здравјето го гледаат само преку власта. Често кога опишував поведението на господинот Мицкоски веле дека во ВМРО ДПМНЕ  е по онаа „газ за власт“,  а од друга страна мафијата наметнува сериозно влијание и сериозни задачи им дава на палатистите и тие не се во можност да заздрават.“

Богојески ја критукува Владата на Македонија во која се СДСМ и ВМРО ДПМНЕ која според него не се снаоѓа добро со решавањето на економските проблеми предизвикани од кризата со „Ковид 19“ , а мерките ги оцени како популистички.

„Владата е во небрано бидејќи е измеќар на мафијата. Знете дека оваа држава и овој народ е под ропство на мафијата, а бидејќи владата е управува државата со самото тоа мафијата преку неа ги спроведува своите политики. Од една страна притиска олигархијата и банкарите, а од друга страна граѓаните. Затоа Владата неможе да донесе соодветни мерки. Оваа влада која е на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ кои се сестри близначки и сами по себе се управувани од ист мафијашки центар за жал нема да донесе брз излез од економската криза. “

Богојески кажа дека банките ја злоупотребуваат оваа криза и од неа профитираат и повика на либерализација на банкарскиот сектор, што е и услов за интеграција во ЕУ.

За честитката на Никола Груевски за членството во НАТО и ЕУ, Богојески кажа дека секој има право да се покае и дека го разбира чинот на каење на Груевски.

ВИДЕО:

https://youtu.be/ChX6bMAjueM

Напишете коментар