АктуелноВидеоИнтервјуаНаш изборРепублика

(ВИДЕО) Огненовски: Ќе го намалиме бројот на пратениците од 120 на 27 и ќе го укимене нивниот имунитетот, затоа што пратеникот треба да биде пример во државата, а не криминалец

Продуцент , сценарист кој 33 години живеел во Холивуд се враќа во родната Македонија. Јорго Огненовски човек кој 26 години работел во филмската индустрија и кој професионално се издигнал највисоко.  Имал две компании во Холивуд, а во бивша Југославија бил врвен и наградуван каратист, неколку пати државен првак , трет во Европа  и петти во светот и повеќе кратен првак на бивша Југославија. Битолчанец по потекло. Сега Огненовски се она што научил сака да примени во политиката, во родната земја. Тој е претседател на  политичката партија „Демократи“, и сака доколку народот му ја даде поддршката да воведи ред во државава.

Огненовски открива дел од плановите на „Демократи“ Вели во моментов во земјава има криминални политички мотивирани вработувања, наместо квалитетот да оди напред, затоа Македонија оди надолу.

„Ние имаме одлични идеи. Сега владее меѓу политичка и меѓуетничка криза во земјава. Имаме политички богаташи, „криминалци“ и профитери . СДСМ, ВМРО ДМНЕ, и ДУИ 28 години се на власт и државата ја уништија на секое поле . Нема правда, нема право, владее катастрофална ситуација во судството , се кријат документи да застарат делата, јавното обвинителство е инфицирано со криминал, мал дел од народот кој е близок со Власта има бенефиции, сите други се поттурнати, децата ни се протерани, поради што има масовно иселување, вели претседателот на „Демократи“.

„Ние нудиме да се уништи политичиот криминал, стопанскиот криминал, митото и корупцијата. Предлагаме да се воведе политички ситем една изборна единица со отворени листи. Предлагаме медиумите да бидат финансирани од буџетот на државата за време на кампања, за да неможе да се влијае на нив. Ако не можеме да понудиме 600, 700 евра минимална плата, ние не можеме да ги задржиме младите. Стручњаците, економисти доктори треба да земаат многу повеќе… Незамисливо е Македнија која е толку мала држава, а да има  120 пратеници. Ние сме сиромашна земја , покрај тоа што сакаме да ги намалиме пратениците од 120 на 2 7 , 29, ние сакаме да го укимене имунитетот затоа што пратеникот треба да биде пример во државата, вели Огненовски.

Тој е  категоричен дека во државава владее хаос и народот се манипулира. Вели:

Го вадат народот на улица и велат се бориме за правда. Па која правда кога сте биле на Власт?

„Ние сакаме во Македонија да завладее вистинска слобода, правда и демократија, не сакаме само декларативно. Ние сакаме реформи во судството . Ние сакаме да го испитаме потеклото на имотот на пратениците и политичарите. Секој кој го стекнал имотот со криминал ќе му биде конфискувано и кривично ќе одговара“, вели Огненовски.

„Сите овие да беа монструми немаше до олку да ја уништат Македонија. Ние сме во модерно ропство. Нема друг избор или да менуваме се од корен и да дојдат чесни и квалитетни луѓе со животно и работно искуство да направиме држава или да пропаѓаме во црна дупка од која нема враќање назад, вели Огненовски.

Претседателот на „Демократи“ го открива и нивниот став во врска со промената на државното име.

„Ние сме против промена на државното име . Зошто една држава да си го смени името? Затоа што Грција го побарала тоа? Или една Бугарија?  Сега ни ја менуваат и историјата. Ние како демократи сме против промената на историјата. Нас не ни се криви како што велат големите и мали сили, туку нашите политичари. За да одиме напред предлагаме референдум за сите битни прашања и истиот да биде обврзувачки а не консултатитевен“, сметаат „Демократите“.

„Што направи ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски кога го менуваа името. Им  дадоа 8 пратеници. Мекедонија можеа биде во првите 10 држави по глава на жител. Може да имаме светска економија, здравство, образование, култура спорт, социјала.. Ние сме во таков хаос што како народ мора да размислиме кого ќе поддржиме…“, вели Огненовски.

Граѓаните може да соберат храброст, Македонија може да ја спасиме од ова лудило во кое се наоѓаме и ќе имаме подробра иднина за сите граѓани на Македонија, вели претседателот на политичката партија „Демократи“.

Разговорот со претседателот на „Демократи“ Јорго Огненовски во целост во продолжение…

 

Напишете коментар