АктуелноИнтервјуаОхрид

ИНТЕРВЈУ со директорот Горан Балевски: Болницата во моментов функционира најнормално со персонал по протоколи за КОВИД – 19, работат сите оддели до еден

Транспарентно, одговорно, организирано и крајно професионално, директорот на општата болница од Охрид, Горан Балевски , во секое време известува за тековната состојба во Општа болница Охрид и за целосната подготвеност да одговорат на предизвикот со кој се соочуваат.Во интервју за Охрид 1, директорот Балевски вели:

-Болницата во моментов функционира најнормално со персонал по протоколи за covid 19 работат сите оддели до еден што беше и наша обврска да ставиме акцент на ихфективна патологија ама да примаме и лекуваме пациенти од други болести.

Во продолжение интервјуто со директорот на општа болница Охрид, Горан Балевски.

Охрид 1: Директоре, болницата ја превзедовте во период на пандемија. Што затекнавте, дали веќе беа спроведени мерките и препораките на Владата или мораше да изготвите стратегија во целост?

д-р.Горан Балевски: Направена е промена во однос на отворање на тријажен центар во рок од 48 часа од моето назначување каде на просторот од кожно одделение кое е префрлено во просториите на очно одделение се врши тријажа прием мерење на температура безконтактно, епидемиолошка анкета и упатување према одделенијата во зависност од клиничката слика.

2Дадена е наредба за прием на сите хитни пациенти без разлика од кои градови доаѓаат односно да нема вракање на пациентите и нивна почетна стабилизација и навремена тријажа и транспорт.

3.Максимална заштита на персоналот односно формирање на кризен штаб од сите раководители на оддели плус искусни лекари од хирургија и интерна медицина со цел адекватно и брзо реагирање на сите промени поврзани со SARS COVID 19,и со цел да се заштитат пациентите и персоналот и да немаме кластер на заразени внатре во болницата. Обучен е целиот персонал како се користи заштитната опрема за таа цел за координатор на хирушки блок за контрола поставеност стерилност изработка на протоколи е назначен Др.Аголи Диал, а на интернистички блок Др.Константинов Ѓоко. Дадов наредба да секој пациент кој се прима е потенцијален вирусоносител и при прегледи и операции секој пациент се третира како да е позитивен со махимална заштита на персоналот и секое одделение има изолациони соби.

 Охрид 1:  Како функционира општата болница во моментов. Има ли доволно медицински кадар, се примаат ли пациенти по одделенијата, се разбира оние приоритетните? И Неизбежно прашање, има ли доволно заштитни средства ?

д-р.Горан Балевски: Болницата во моментов функционира најнормално со персонал по протоколи за covid 19 работат сите оддели до еден што беше и наша обврска да ставиме акцент на ихфективна патологија ама да примаме и лекуваме пациенти од други болести. Заштитна опрема беше најголем приоритет до сега болницата подели за секој вработен маски по протоколи за covid  како и заштитни скафандери, со тоа што инфективно одделение има најквалитетна опрема и маски n95 во неограничени количини .

 Охрид 1: На социјлните мрежи имаше обиди да се наруши угледот на инфективното одделение во Охрид. Се постираа стари снимки, на кои се гледа како пациент чека пред вратите на одделението. Може ли да ни објасните како тече приемот на пациентите во моментов. Во една прилика за нашиот медиум кажавте дека имате и видео надзор кој е вистински доказ дека ниту еден пациент овој период не чека?

д-р.Горан Балевски: Одговорно тврдам дека ни еден пациент не е вратен од кога сум назначен пациентите треба да сватат дека за да бидат примени треба да бидат дисциплинирани и да ги остават лекарите и медицинскиот персонал да си ја работат работата како што треба има решение за се, само треба добра кординација дисциплина и совест и од лекарите ама и од пациентите40 години Инфективно одделение Охрид е регионален центар за инфективна патологија и без разлика на условите поставеноста и опременоста до сега немало ни една замерка за нивната работа,моменталната состојба никој не може да ја предвиди затоа апелирам за респект и почит за нивната работа, а не закани уцени вреѓања  и едно големо благодарам и од Охриѓани и од Стружани и од целиот регион за нивната работа.

Општата болница Охрид е единствена устанува која прима пациенти од различни области хирургија,гинекологија,уво нос и грло,урологија,интерна медицина, неуропсихијатрија, педијатрија, ренген дијагностика, лабараторија, физикална медицина и како најголема здравствена установа во регионот со околу 500 вработени. Како ВД Директор одговорно тврдам дека иако е под константен притисок од јавноста и медиумите сепак е најдобра здравствена организација во регионов. Сите пациенти без разлика каде ќе се упатат мора да поминат низ Охридската болница за една недела низ тријажен центар поминале 600 пациенти.Сите транспорти на пациенти од Covid 19 према Клиниките во Скопје и Према Битола ги прави со сопствени возила и сопствен персонал, прави прегледи на сите карантини низ градот каде одат нашите интернисти, во моментов имаме интернист кој е испратен да помага на Општа болница-Дебар.

 

Охрид 1:  Вие сте дел од кризниот штаб на Општина Охрид. Мерките кои се спроведуваат во Охрид се покажаа доста успешни. Како мерките, така и самосвеста на Охриѓани. Откако е прогласена вонредна состојба во земјава, во Охрид 7 лица беа позитивни на КОВИД – 19.  Охридскиот кризен штаб имаше барање да се забрани влез во Охрид за велигденските празници за лица кои се жители на други општини. Ова барање не беше прифатено од  Владата. Стравувате ли дека бројот на заболени во Охрид ќе се покачи за две недели од сега?

 

д-р.Горан Балевски: Охриѓани се свесен и одговорен народ и гостопримлив и мислам дека ако се следат сите препораки на епидемиолозите се почитуваат сите апели за правилна дистанцирање и заштита би можеле да се справиме со оваа болест, но е многу тешко се да се предвиди, сепак лично сметав дека треба мерките на заштита и изолација од соседните градови  како и за сите туристички места низ државата  заострат и да нема движење меѓу градовите како примерот на Словенија и да се стави махимален акцент на превенција.

Охрид 1:  Во моментов во општата болница Охрид има пациенти кои имаат симптоми на КОВИД -19, а се од други општини. Но сеуште не се добиени резултатите од тестовите. Каде се сместуваат сомнителните пациенти во кое одделение, дали е се организирано доколку овие пациенти се позитивни остануваат ли во Охрид доколку се со полесна слика, или се праќаат во реционалниот центар во Битола?

д-р.Горан Балевски: Моментално имаме со датум од 17,04,2020  80% сомнителни недокажани пациенти од Струга,еден пациент докажан со лесна клиничка слика е префрлена инфективно одделение при Клиничка болница-Битола кој е од Струшко 20%сомнителни се од Охридскиот регион ама не се докажани.

Имаме огромна помош од цел град многу поединци,многу здруженија  многу лекари Охриѓани кои работат во странство  кои ни испраќаат протоколи и сугестии и им благодарам на сите вработени во ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА-Охрид кои се грижат деноноќно за сите нас и за целиот регион.

фото: Горан Балевски