АктуелноОхрид

Д-р Орхидеја Тасевска избрана за директор на Хидробиолошкиот завод

Актуелниот ВД директор на ЈНУ Хидробиолошки завод, Охрид, д-р Орхидеја Тасевска, на седницата на Советот на Заводот, одржана вчера е избрана за директор на институцијата, со мандат од четири години.

Седницата е одржана во полн состав со надворешните членови на Совет делегирани од Влада на Р. С. Македонија и членовите од редот на вработените во Заводот.