АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) Групата „Шармер“ не потсети на хитот „Нова година“ – момците од групата некогаш и сега

Групата „Шармер“ која годинава одбележува 30 години од формирањето и успешниот концерт во 1991-ва година, денеска го објави, како што велат, „Back to the Future“ видеото за песната „Нова година“.
Групата Шармер неофицијално постојт од Јули 1991 година. Главни „виновници“ за формирањето на групата се Тони Јованоски и Никола Василески. На овој тим по кратко време им се приклучија уште двајца членови. Групата имаше настап на прослава по повод независноста на Република Македонија 8ми септември. Групата за да биде во целост и се приклучија и Саше Фудо и Аце Шурбаноски. Но овој состав не траеше долго, па на местото од Саше и Аце кои го напуштија бендот, дојдоја нови три членови, Перчо Трајаноски, Горан Кулезаноски и Борис Бакал.

„Со новиот состав имавме почести проби и компониравме неколку нови песни така што го организиравме долгопосакуваниот концерт, а тоа се случи на 25 Декември 1991година во домот на културата Григор Прличев во Охрид. Концертот беше повејќе од успешен и тој ден го прогласивме како роденден на групата.
На 13 Јануари за Стара Нова Година го организиравме вториот концерт пред домот на културата во Охрид каде имавме покането и учествувааа неколку музички групи од Охрид, Струга и Битола.
Во периодот потоа следеа уште неколку концерти во диското Палас и ноќниот клуб Мажестик.
Врвот за бендот Шармер беше на 2 Мај 1992 година со учеството во диското Тропикал како предгрупа на легендарните Леб и Сол, кој концерт беше и нашиот последен настап поради настанати недоразбирања во самиот бенд“, вели за Охрид 1 Љупчо Стојкоски Лепи.

Инаку групата Шармер напиша 12 песни меѓу кои се „Летото Помина“, „Нова Година“… Од групата ветуваат дека и останатите песни ќе бидет исто така снимени во следниов период.

Во продолжение слушнете ја песната „Нова година“….