ИздвојувамеИнтервјуа

(ВИДЕО) DELTA REAL ESTATE планира инвестиции и во Македонија

DELTA REAL ESTATE, компанија која прослави 30 годишно работно искуство. Тајната на регионалниот успех на оваа команија е младиот карадар, амбициозен, позитивен, а директорката на CEO DELTA REAL ESTATE Ангелина Некиќ, за NEWS1.МК вели дека најголемата тајна на компанија е комбинација на искусните колеги со младиот кадар, со млада и свежа енергија.„Тое е тоа, што цело време не влече кон врвот. Најдобрата комбинација е искуството, младоста, ентузијазмот и секако феноменалните идеи“.DELTA REAL ESTATE е огромна компанија која се занимава со недвижности. За да се изгради нешто се испитува пазарот, па се одбира локација на која ќе се гради, па се финансира …., како се тече открива првиот човек на DELTA REAL ESTATE.

„Делта е компанија стара 30 години. И REAL ESTATE е стар колку и самата компанија. Ние растевме и се развивавме со малопродажба што беше во наша сопственост до 2011 год. Од таа малопродажба преминавме на поголеми и покомплексни проекти. Прекрасно е да се работи во REAL ESTATE, привилегија е да се биде овде. REAL ESTATE е игра на големите играчи. Самите мажри кои ги даваме се многу големи и тоа е тоа што ги привлекува инвеститорите. Тврдам дека само големите можат да опстанат, затоа што на долг и среден рок е потребно многу да се инвестира. Прекрасно е да сте сведок на нешто што сте го изградиле да им остане како сведок на многу идни генерации. Пример оваа деловна зграда која ние ја изградивме за 18 месеци, се вселивме на 1 ви јули, ќе остане овде 50, 80 можеби и повеќе години, ќе ја гледаат моите деца, но и децата на моите деца. Тоа е таа голема одговорност која го влече секој проект на REAL ESTATE. Процесот е многу долг, бара комплесен и стручен тим на инжинери, проектанти, лизинг менаџери, финансиери, компанијата да ја има поддршката на институциите … А од друга страна она што ние им го даваме на компаниите се високите стапки на приход“, открива Некиќ.

Некиќ признава дека кризата поради пандемијата ја почувствувала и компанијата REAL ESTATE, но како што вели знаевме дека мора да се продолжи, затоа што тој што ќе застане, застанал засекогаш.

„Тоа беа краткорочни затишја. Ние за време на пандемијата имавме три отворени градилишта. Оваа деловна зграда беше во изградба се реновираше објект на Кнез Михајлова каде што сега е хотелот „Индиго“ и изградбата на шопинг молот во Ниш. Се ова се градеше во 2020 за време на пандемијата. Ние не престанавме со работа. Тој што ќе застане, застанал засекогаш. Многу е тешко доколку застанеш да продолжиш. Да и REAL ESTATE почувствува удар од кризата. Најголем удар прертпе угостителството. Некои хотели во туристичките места, да претрпевме големи загуби, но среќа наша е што тие загуби можевме да ги покриеме од оние делови кои добро работеа, тоа се шопинг моловите кои со мали затворања имаа добар финансиски резултат, нашата логистика работеше добро. Уште еднаш се потврди дека треба да имаме добар портфолио, а тоа е тоа на што ќе работиме и во иднина. Сетоа ова се поклопи со нашето купување на Сава центар, кој е најголемиот конгресен центар во овој дел на Европа. Ние со купувањето завршивме на крајот од 2020 год, договорот го потпишавме на крајот од декември. Со ова добиваме уште еден сегмент во нашето работење – влегуваме во конгресен туризам. По оваа опсежна реконструкција, половина од центарот ќе биде посветена на конгресниот туризам, а другата половина современи канцеларии. Ние правиме реконструкција на 100 000 квадрати, ова само по себе покажува дека ќе бдие едно од најголемите градилишта во градот. Ова е објект заштитен со закон и тоа ќе го испочитуваме во секој поглед. Сакаме да создадеме препознатлив објект и како таков да му остане на градот и на Србија, но и масимално да го испочитуваме творецот на обој објект“, вели Некоќ.

DELTA REAL ESTATE покрај во Србија има големи инвестиции и во Бугарија и Словенија… Но, дали планираат да инвестираат и во македонија?

„Да, да секако. Минатата недела бев во Скопје, гледавме потенцијални локации за хотел. Не интересира само центарот на градот, за хотел со 5 ѕвезди со 150 – 160 соби. Ние секогаш следиме што се случува во регионот. Поле на интерес ни се Скопје, Тирана, Загреб, во Љубљана имаме уште една инвестиција таму треба да градиме уште еден хотел. Ова се пазари на кои ние сакаме да бидеме присутни“, вели Некиќ.

Што се однесува до цените на недвижните Некиќ вели дека во 2019 год во Србија цените на недвижностите пораснаа многу, но пораснаа и во западна Европа.

„Ова е проста економија, побарувачка и понуда. Во Белград да, цените се повисоки за разлика од Македонија и Албанија, можеби ова е и фактор ние сега да се префрлиме таму. Ова се пазари кои растат и се развиваат, се менуваат“, вели директорната на DELTA REAL ESTATE .

Од компанијата се категорични дека многу се заинтересирани да бидет регионално присутни.

Разговорот со директорката на CEO DELTA REAL ESTATE Ангелина Некиќ во целост може да го проследите во продолжение…