Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век. Со своите уши тој ги слушал нивните божествени евангелски зборови и со своите очи ги гледал нивните богоозарени ликови и евангелски дела. Св. Климент Охридски – патронот на Охрид има своја црква токму во градот каде светителот одбрал да се упокои – во Охрид.
доц. Д-р Климент Наумов, професор на ФТУ, туристички водич и претседател на Здружението на туристички водичи и придружници „Кеј“ од Охрид открива детали од животот и делото на Заштитникот на Охрид – Св Климент.
„Во периодот кога Св Клиемнтовата Црква Св. Плантелејмон е срушена, е претворена во џамија во 1464 год. Вака оваа црква претворена во џамија постоела 100 години, по што била срушена па изградена „Султан Мухамедовата џамија“ чии останки беа во месноста „Имерет“ се до 1999 год. Но оваа џемија не се користела долго време. Има претпоставки дека била напуштена по заминувањето на Џеладин Бег 1830 год. Најверојано Охрид овој период бил и бомбардиран и најверојатно била запустена и Султан Мухамедоивата џамија, бидејќи има фотографии од 1860 тите години каде се гледа дека таа не е во функција.
Но луѓето од секогаш знаеле каде се наоѓа оргиналната Св. Климентова црква. По претворањето на црквата во џамија најпрво неговите останки се пренесени во црквата „Мал Св. Климент“. Ова е единствената црква која го носи оргиналното име на светителот уште од нејзиното градење.
Црквата пак Св. Богородица Перивлепта до неодамна беше позната под името Св Климент бидејќи во периодот на средината на XVI век, па се до 2002 год, таму беа чувани светите чудотворни мошти на Св. Климент Охридски. Ова беше вака се до 10 август 2002 год кога беа вратени моштите во неговото оргинално почивалиште на Св Климент, а според неговото житие гробот каде е погребан сам си го приготвил во 916 год. (27 јули по стар календар) или 9 август по нов календар кога починал“, раскажува Наумов.
Тој додава дека цел овој период честички од неговите мошти се давани низ цел свет во целото православие. Во 2008 год МПЦ вакви свети честички дала на Бугарската православна црква, претходно и на Српската православна црква.
„Хроничарот Владо Ангеличин Жура кажува дека можтите од Св. Климент биле поставувани и во балдахинот и еднаш до два пати годишно моштите биле шетани низ сите делови на Охрид, со што се вршело и осветување на Охрид. Но, ова била можност моштите да бидат откраднувани …
Моментално на Плаошни се наоѓа неговата десна дланка и двета коски од неговата десна подлактица, има одредени фрагменти од стапалото и уште неколку мали коски. Ова всушност е најважниот дел. Бидејќи десната рака е раката која благословува. Во средината на 17 век, тројца монаси ја земаат неговата глава и ја носат во манастирот Св. Јован Претеча во Грција. Черепот и ден денес се наоѓа во Грција“, раскажува Наумов.
Св Климент се смета за филозоф но и прв архитект, прв агроном,… За делото на Св Климент за неговиот живот, но и за Св Климентовиот универзитет, во продолжение од разговорот со доц. Д-р Климент Наумов.