АктуелноОхрид

Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило

Есенскиов период е идеален за обновување и засадување на нови украсни растенија и декоративни грмушки; Со нови садници се обнови паркот кај градскиот плоштад
🌳 Се продолжи со етапните сезонски активности за уредување, поткастрување и отстранување на оштетени делови од дрворедите; изминатата седмица се уредуваше дрворедот од ул.,,Партизанска”
🌳 Се реализираа активности за тековно одржување на старите охридски чинари и расчистување на просторот околу нив
🌱 Се изврши уредување и садење на нови садници на локацијата околу прес контејнерите во населба ,,Христо Узунов”
✅ Се продолжи со тековните активности за косење, собирање на паднати лисја и расчистување на парковските содржини.