Сообраќајна незгода се случила кај селото Ботун, во општина Дебрца, каде се превртел камион, поради што е блокиран патниот правец.
Според досегашните информации, во незгодата нема повредени лица, но сообраќајот на овој патен правец е во прекин поради превртеното товарно возило.
Засега нема дополнителни информации за причините за незгодата и за тоа кога ќе биде нормализиран сообраќајот.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.


















