На 24.05.2025 околу 11 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (49) годишен Охриѓанец и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од (66) годишен жител од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле жена и нејзиниот сопатник (41) годишен жител од Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден маж констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид












