Наш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ реагира на пари питрошени за кампања “Купувај ликално”

На 31.08.2022, локалната власт во Охрид склучила договор со скопската фирма „Дизајн плус 360“, вреден 400.000 денари, за промотивни логоа, флаери, постери и некакви си регистри за кампања наречена „Купувај локално“.
Од таа кампања – денес ниту трага, ниту глас. Нема резултати, нема активност, нема отчет, а очигледно и покрај издвоените средства нема ни одржливост. Единствено што гледаме се издвоени пари од буџетот, односно од џебот на граѓаните.
За да е срамот уште поголем и иронијата уште поголема, вчера, по повод денот на светите Кирил и Методиј, 70 ученици од Охрид беа „наградени“ со обично печатено ливче со посвета и потпис од градоначалникот. Ете така ги поддржува градоначалникот своите локлани најмлади сограѓани.
Толку им понудија на 70 наши најнадежни охриѓани. Едно парче хартија, наместо вистинска поддршка и признание.
Пари за кампањи кои се скоро и фиктивни има, но за учениците – симболика и игнорирање.
Сепак, честитки до сите наградени ученици – вие сте гордост на овој град. Продолжете да чекорите по патот на знаењето и успехот и покрај понижувачкиот однос на оние што треба да ви служат, а не да ве користат за маркетинг, се вели во соопштението од ОО СДСМ.