АктуелноОхрид

Доставени собраните парични средства на Наумче Колоски за лекување од вранишката парохија

Денес бевме во посета кај нашиот брат Наумче Колоски во с.Луково,, лично му ги доставивме собраните парични средства, од нашата парохија како и од Кафе Барот – Инсомнија с. Враништа, за негово понатамошно лекување. Од името на Членовите од Православна Младина му подаривме еден рачно изработен крст од отец Ристе при што му посакавме Господ Бог да му дарува здравје,мир,љубов,спасение и што поскоро да оздрави.
Почитувани парохијани Господ Бог да го умножи доброто во вас за вашата несебична хуманост.
Христос Воскресе!
-стои во објавата од храмот Св. Никола во Враништа.