На 02.02.2025 година во 05.50 часот, на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патнички автообил „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки, управуван од лице на (29)г. од Кичево, излетал од патот.
Притоа, возачот и сопатничката лице на (20)г. од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево додека вториот сопатник лице на ( 31)г. од Кичево, се здобил со телесни повреди.
Од преземените мерки, констатирано е дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол a увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
