Охрид по се изгледа ја доби најголемата глобална промоција благодарение на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ која почна да ја рекламира својата нова авио конекција од Истанбул до Охрид – јjави травел порталот Patuvanja.mk
Првиот пост е објавен на страните на компанијата на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, X , Линкдин и Тикток.
Компанијата има една од најдобрите маркетинг стратегии во која има огромни вложувања низ целиот свет. Само на Фејсбук страната за Европа компанијата има над 11 милиони следачи , а деловно како глобална компанија „Туркиш Ерлајнс“ е поделен по континенти, па на секој континент кампањи се прават во сите држави, што значи дека за Охрид ќе се слушне глобално скоро на секој дел од планетата.
Дополнително Охрид ќе биде ставен во сите каталози на компанијата и во сите патнички билтени, ( печатени списанија за компанијата кои се ставаат во авионите за патниците пред секое седиште ).
Со ова Охрид покрај авиолинијата која е од огромен бенефит за градот, добива и веројатно до сега најголема глобална бесплатна промоција бидејќи за градот ќе слушнат милиони луѓе низ целито свет без да се потроши ни едно евро.
НАШАТА ДИЈАСПОРА ВЕЌЕ КУПУВА БИЛЕТИ – КУПУВААТ И ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА
Дијаспората веќе започна да купува билети за оваа линија. Поврзаноста на Истанбул со Северна Америка, Австралија и остатокот од светот кај иселениците од Битола, Ресен, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, но и кај иселеницте од Поградец и Корча во Албанија, предизвика огромен интерес за купување билети и слетување на охридскиот аеродром како најлесен начин да стигнат до местата од каде потекнуваат, со што оваа авио линија дефинитивно ќе има повеќе од одличен ефект за локалната економија.
