На 01.02.2025 година во 21.33 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека кај „Осломејшка раскрсница“ кај Кичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала лице на (36)г. од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки,управувано од лице на (39)г. од Охрид.
Тој, како и сопатничката во второто возило лице на (66)г. од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени на Ургентниот центар во Скопје додека вториот сопатник во второто возило, лице на (65)г. од Охрид, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Кај лицето која го управувала првото возило, во Општата болница во Кичево биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
