АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО)Накривена бандера стои над коловозот на улицата Карпош Војвода

Струлена бандера попладнево се накриви на улицата Карпош Војвода во Охрид и секој момент може да падне на коловозот.

Жителите од куќите пред кои е бандерата велат дека пријавиле неколку пати дека бандерата е трула и може да падне, и дека од Телеком дошле и со сајла бандерата ја врзале за оградата од дворот на една од куќите.

Но ни тоа не помогнало, па денес бандерата се накривила и ја искинала ортомата но се искинале и кабли од операторите, кои предизвикале штети на балконите на куќите.

Се очекува одговорните да пристигнат и да го решат проблемот кој за среќа поминал само со материјална штета.