АктуелноОхрид

Отец Ромео кон Вевчанци: Ви благодарам за се и ве молам да ми простите на моите грешки

Почитувани мои Вевчанци, дури сега знам колку сум вредел, Вашата љубов и поддршка кон мене е единствена потврда за мојата вредност, бидејќи не е од било кого, туку од Вевчанци, од моите драги досегашни парохјани. За овој период што служев кај Вас му благодарам на Бога и на мојот надлежен Архиереј, за мене работатаОтец  во Вевчани беше вистинско богатство, не во материјална смисла, туку во човечка-духовна и вечно ќе остане така. Ви Благодарам за се и Ве молам да ми ПРОСТИТЕ на моите грешки. Доколку ме почитувате, барам од Вас сите заедно задолжително да ја испочитуваме одлуката на мојот надлежен и мудар архиереј – владиката Тимотеј за мир и добро на нашата Света Црква, а за здравје и радост на сите нас. Пред се јас и Вие сме Христијани и мораме да сме послушни во името на Бога. Ве молам со радост да го пречекате новиот колега Отец Драган, многу добар човек од Ваш крај и да оставиме мегдан со мене повторно да си се гледаме секогаш кога ќе има дополнителна потреба, дај Боже само за убаво. Му благодарам на Црковниот одбор за нивната несебична поддршка и почит која ја имав од почеток до ден денешен, прекрасни луѓе, чесни, ретко каде има ваков единствен и сплотен одбор кои се мои вечни пријатели. Човек кој е верник и го љуби ХРИСТА, мора да биде послушен, така мораме сите и во овој момент и секогаш. Секако благодарам за се и на моите парохјани од Октиси, прекрасни луѓе. Да сте ми живи, здрави и од Бога Благословени сите.
Ви благодарам уште еднаш за Вашата голема поддршка и ако е Божја волја повторно ќе се видиме. За многу години утрешниот празник Светите Козма и Дамјан, напомош на сите !
Отец,
Ромео Петрески – Падре