Шала на страна. Причина зошто Панчо ја постираше оваа фотографија која сосема спонтано се случи при самото нејзино пристигнување во хотелот “Инекс Олгица” на ден пред нејзиниот охридски концерт има тотално друга поента.
Панчо: Пред се немаме допирни точки со нејзината музика, уште помалце и ги знам песните (ниту една), никогаш не сум и бил на настап, но во тој 2 минутен краток разговор сфатив зошто насекаде низ балканот полни сали, стадиони и зошто е толку барана и сакана од публиката. Зрачи со неверојатна енергија, и иако во моментов е толку голема во нејзината бранша, толку е приземјена, многу пријатна за разговор, и што е најважно има ПОЧИТ.