АктуелноОхрид

ЈП Водовод со апел до корисниците за рационално користење на водата за пиење

ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници, рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.

Во деновите што следат, со екстремно високи температури како и исполнетоста на градот со туристи, особено во периодот од 17:00 до 21:00 часот кога потрошувачката на вода е екстремно голема , да се избегнува наводнување на поголеми површини (бавчи, ниви и паркови), полевање на дворови и улици, полнење базени и сл. со цел да се избегне нестабилност во водоснабдувањето, односно водата наменски да се користи како сите жители би имале непрекинато водоснабдување .

Со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со законската регулатива, ЈП ВОДОВОД Охрид започна акција за исклучување на бесправни приклучоци, во присуство на комуналниот инспекторат при Општина Охрид .

Бесправните приклучоци се забранети со Закон (член 23 од Закон за водоснадбување) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на бесправен приклучок ќе биде поткрената соодветна постапка .

ЈП ВОДОВОД Охрид, потсетува дека со бесправните приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во градот и околината.