Наш ИзборНаш изборОхрид

Бектеши заработи кривична, на денот на изборите пратил порака на полициски началник во Охрид

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој е осомничен дека упатувал пораки на полициски началник од Охрид во врска со полициски активности по пријавени сомнежи за изборни нерегуларности.

Полицијата проверувала наводи за злоупотреба на лични податоци односно за прибирање податоци од избирачи, а началникот добил порака од министерот Бектеши.

Три и пол месеци по настанот МВР поднесе кривична пријава за Бектеши за тешко дело за кое е запретена минимална казна од 1 година затвор, а максималната, во зависност од тежината на делото и последиците може да биде до 5, 10 или повеќе години затвор или дури и доживотен затвор (во случај да има жртви поради извршено попречување на правдата).

 

 

Plusinfo.mk