Граѓаните несовесно се однесуваат. Читатели на Охрид 1 до редакцијата испратија фотографија од граѓанин кој го наполнал контењерот со зелен отпад и го пренесува на друга локација. По овој чин контењерот станува неупотреблив за намената за која е поставен.
Имено ЈП Охридски комуналец често упатува апели за селекција отпадот а за кабаст и зелен отпад има редовно известувања кога се подигнува и од каде. Но, граѓаните и покрај апелите и известувањата се однесуваат како сакаат а после се најгласни кога критикуваат.
фото: Читатели на Охрид 1