АктуелноВидеоНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Во Охрид НЕМА никаква ГИТАРА на Лени Кравиц во Охридско Езеро

Македонските портали масовно пренесуваат лажна вест дека во Охридско Езеро била поставена џиновска гитара како најава за концертот на Лени Кравиц.

Медиумите наседнале на не баш уберлива видео и фото мотнажа на која се гледа огромна гитара во водите на Охридско Езеро, а над неа прелетува авионче.

Ова видео кое и не е толку квалитетна монтажа е лажно и е објавено на Фејсбук страната на „Авалон продукција“ која со оваа „фитна“ си обезбеди гратис медиумски простор во македонските портали кои со години објавуваат неверојатни и вести кои немаат ни логика ни смисла од типот: Ајкули во Охридско Езеро, Кит во Охридско Езеро и слични будалаштини.