Агенцијата за храна и ветеринарство минатата недела спроведе вондредни засилени контроли во 112 објекти од кои казни 54 оператори, а на 8 им е нaпишана забрана за работа.
Контролите беа извршени во туристичките места Дојран, Охрид, Струга и Преспа. Со контролите било утврдено неисполување на општите и посебните хигиенски барање во сите фази на производство преработка и дирстрибуција на храна, како и храна со поминат рок на употреба и промет на храна без декларација и означување.
Агенцијата за храна и ветеринарство најавува дека во нареднот период ќе продолжи со спорведување на вондредните контроли и во останатите туристички центри поради високите температури.