ВидеаВидеоМагазинМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Совесните чистат она што несовесните го оставаат зад себе

Бројни се примерите на извадени предмети од водите на Охридско Езеро, од мебел, покуќнина, до машини за перење и што ли уште не. Видео снимката која ја објавуваме е направена во текот на месец мај, во близина на границата меѓу Македонија и Албанија која поминува низ езерото, а каде секојдневно пловат пластични канти полнети со стиропор или прупена, кои рибокрадците ги користат при нелегалниот лов на риба. Капетанот на катамаранот Димитар Мато го запре пловилото за да извади пластична канта од езерските води.

https://www.youtube.com/watch?v=x1VkcvFBqR8