АктуелноОхрид

СВР Охрид: Зачестени пријави и измами за сторени сообраќакни прекршоци регистрирани од системот “Безбеден град“

СВР Охрид ја известува јавноста дека во изминатиот период повторно зачестија пријави од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“.

 

 

Според пријавите од оштетени граѓани, тие добиваат смс и други електронски пораки од странски телефонски броеви и линкови од лажно дизајнирани веб страници, од разни телефонски и интернет апликации и социјални мрежи за комуникација во кои ги наведуваат на разни инвестициски влогови и инвестициско тргување, ги поттикнуваат да внесат лични и банкарски податоци, ветувајќи им голема заработувачка и материјална корист.

 

 

Во пораките за сторен сообраќаен прекршок, на оштетените граѓани им се испраќаат линкови каде за сторениот прекршок, треба да уплатат одредена сума пари.

 

Апелираме до граѓаните на посебна внимателност при добивање на вакви пораки, да не ги отвораат понудените линкови, да не внесуваат никакви податоци и да не вршат уплати, а секој ваков случај да го пријавуваат во најблиската полициска станица.

 

Потсетуваме дека официјалните смс известувања за сторен сообраќаен прекршок од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR SC“ и содржи комплетни податоци и фотографии за возилото со кое е сторен прекршокот и линк до официјалната веб страна со домен.