ЈП Охридски комуналец го обнови паркот во центарот на Охрид кај споменикот Св. Наум Охридски. Екипите на ова ЈП редовно се грижат за парковите низ Охрид, и редовно ги обновуваат истите со сезонски цвеќиња, а зеленилото редовно се обликува во форми кои се привлечни и интересни па често гостите знаат и да се фотографираат пред нив.