АктуелноОхрид

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Балканските египќани

Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 24 јуни, Меѓународниот ден на Балканските египќани, упати  честитка до  припадниците  на оваа  заедница во Општина  Охрид.

– Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските египќани, да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Египќаните, како посебен етнички, јазичен и културен субјект се од особено значење за целата македонска држава.
Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик, Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од египќаните, стои во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков упатена до заедницата на египќаните во Охрид.