АктуелноОхрид

Советникот Демироски: Нека е честит Денот на Балканските Египќани – денот на нашиот народ

Почитувани Египќани, мои драги сонародници .
Нека е честит Денот на Балканските Египќани , денот кога нашиот народ расеан низ повеќе држави на Балканот заедно обединет го одбележува како потсетник за своето постоење.
Состојбата на нашиот народ од година во година во Охрид се подобрува и одиме напред интегрирајќи се во сите свери на живтот, а реални се и оправдани очекувањата Египќаните да се факторизираат и на ниво на Македонија, со наш влез во Уставот и наше вградување во темелот на Македонија.
Нека е честит Денот на Балканските Египќани – денот на нашиот народ , напиша на својот ФБ профил Советникот Арбен Демироски Бено.