среда, ноември 20, 2024
Македонија

ДУИ со голем митинг на плоштадот Македонија ја финишира кампањата

Фотографиите и видеата од митингот на ДУИ во Скопје кај многумина на социјалните мрежи предизвикаа забуна и се прашуваа дека митинг имале ВМРО или СДСМ,. Проценките се дека имало околу 20 000 луѓе.

Како рекламен приказ на политичкиот жар, двете владејачки партии во Скопје, СДСМ и албанската ДУИ, ги одржаа последните митинзи за првиот круг од претседателските избори. Остриот контраст во присуството на овие митинзи предизвика дискусии за актуелната состојба во СДСМ.

СДСМ ја избра улицата пред Делегацијата на ЕУ во Скопје за својот партиски митинг, додека албанската ДУИ собра значително поголема толпа на главниот плоштад „Македонија“, во срцето на градот. Со едноставен преглед, евидентно е дека ДУИ успеа да привлече најмалку четирипати повеќе присутни во однос на СДСМ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва на митинг порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил пораснат со гурабии и кекси, јавува репортерот на ТВ21 од плоштад „Македонија“.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.

https://www.facebook.com/watch/?ref=embed_video&v=2154990524862976

Од плоштадот „Македонија“, Османи ги повика граѓаните да се мобилизираат, бидејќи според него, постојат реални шанси како кандидат Албанец да помине во вториот круг.

Кандидат е на девет политички партии и четири заедници, рече Османи, кои вкупно сочинуваат 47 отсто од населението во Северна Македонија. Вели пораката за мобилизација е историска, додека пак, Северна Македонија е држава на два народа.

– Ве замолувам да се мобилизирате, да овозможите да се пробие оваа бариера, бидејќи се создава еуфорија. Затоа ве повикуваме луѓе, за да ја оствариме оваа историска победа, да одиме во вториот круг – рече Османи.

Османи во своето обраќање рече дека настаните од 27 април се последица на изборот на Албанец за претседател на Собранието, Талат Џафери. Вели се уште се свежи настаните од 27 април, истакнувајќи ги како едни од најстрашните во историјата на земјава.

Осврнувајќи се за настаните на 27 април, претседателскиот кандидат вели животот на претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села бил доведен до прашање.

– Пред седум години, речиси точно на денешен ден, некаде на стотици метри од ова место, таму во Собранието на Северна Македонија се случија најстрашните настани од поновата историја на нашата држава. Се сеќавате на настаните од 27 април, пред нас се уште се крвавите слики на нашите пратеници. Која беше причината? Дека Талат Џафери стана претседател на Собранието. Што беше проблемот? Само тоа што бил Албанец и ништо друго. Се уште се сеќавам на сликите на Зиадин Села кој тој ден за малку ќе го загубеше животот – рече Османи.

Политичките експерти го толкуваат ваквиот одзив како симболично поместување во македонскиот политички пејсаж. „Излезноста на митингот на ДУИ доволно зборува за моменталното расположение нљ Македонците кон СДСМ. Тоа сигнализира губење на вербата во раководството и политиките на СДСМ“, се вели во објава на социјалните мрежи.

„Падот на СДСМ не се однесува само на бројките; тоа е одраз на подлабоко оддалечување од електоратот. Слабата посетеност на митингот е симптом на пошироко разочарување од владеењето на СДСМ“, се вели во објава на Икс (поранешен Твитер).

Овој значаен диспаритет во присуството на митинзите се гледа како еклатантна потврда за намалената популарност на СДСМ и нејзината борба да ја задржи важноста во македонската политика. Тоа е остар контраст со нејзината некогашна позиција како моќна политичка сила.

Додека СДСМ се мачи со својата кампања за претстојните избори, бурната излезност на митингот на ДУИ служи како предупредувачки знак за оваа партија. Аналитичарите предвидуваат дека без значителни промени и ревитализирана стратегија, СДСМ може да се соочи со политичка пропаст.