петок, ноември 15, 2024
Република

Млада скопјанка почина, нејзиното бебе се бори за живот по тешка сообраќајка

39-годишна скопјанка почина на скопските клиники, по тешка сообраќајна незгода која се случи во саботата на патниот правец Велес – Скопје, со тешки повреди во несреќата се здобило нејзиното бебе кое хоспитализирано на КАРИЛ, објавува порталот СкопјеИнфо.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија несреќата и велат дека несреќата се случила на 06.04 во 18.50 часот.

„На автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски таблички, управувано од И.К. (41) од Скопје и товарно возило „фап“ со гостиварски таблички, управувано ос З.Д (57) од Гостивар“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К. (39) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт на В.К.

-Со телесни повреди се здобиле и две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарно возило М.З. (65) од Гостивар, констирани во болницата во Велес, се вели во информацијата од МВР, објавува порталот СкопјеИнфо.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Велес.