АктуелноОхрид

Неделни работни активности на екипите на ,,Паркови и зеленило”

Во сопствениот расадник со полна пареа се работи на производството на цветниот расад на виола-очиња кои ќе ги красат парковите во есенско-зимскиот период; Се изработуваат резници за украсни растенија реколта 2026/27
💧 Се работи на системот за наводнување со дополнување со нови приклучоци во Холандскиот Парк
🍂 Секојдневно собирање на суви лисја во градскиот парк
✅ Се коси ниска вегетација вдолж ,,Булевар Туристичка” и детски игралишта, потоа од ул.,,7ми Ноември” до ул.,,Марко Местороски” и чистење и косење кај фудбалско игралиште во с.Косел
✅ Шишање на украсни растенија на рекреативна пешачка патека од канал Студенчишта до Горица.