АктуелноОхрид

ЈП Охридски комуналец: Подметнат пожар на депонија Буково‼️

Подметнат пожар на депонија Буково‼️
📌На ден 07.04.2024 год.(недела) во ноќните часови од страна на непознат сторител е подметнат пожар на депонија Буково
📌Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш излегоа на терен со цел да се превземат сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на истиот
📌Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја
📌Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш го извести и СВР-Охрид за поднесување пријава за подметнат пожар од непознат сторител, велат од ЈП Охридски комуналец.

фото: Архива