АктуелноОхрид

(ФОТО) И попладнево сообраќајна несреќа кај Рача

И попладнево се случи сообраќајна несреќа на булеварот Св. Наум Охридски, во јавноста попознат како „автопат“ кај Рача. Граѓаните реагираат дека се вози пребрзо на оваа патна делница. Велат дека не се почитуваат сообраќајните знаци дека брзината со која треба да се управува автомобил е ограничена.

Потсетуваме дека гостите често се во заблуда мислејќи дека возат по автопат па ја прекорачуваат дозволената брзина, но станува збор за булевар и населено место, каде ограничувањето на брзината е 60 километри на час.

извор и фото: Охрид 1