АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Термометрите во Охрид покажуваат над 40 степени Целзиусови

Денес , недела во Охрид  околу 14,30 часот термометрите покажуваат 45 степени Целзиусови во центарот на градот.

Според официјалните мерења од страна на метеоролозите за текот на денешниот ден најавени се максимални 30 степени, но тоа мерење се однесува на базата на метеоролошките станици кои се поставени на повисоките места и во сенка, каде во Охрид се наоѓа во близина на ОУ Св.Климент, додека пак во урбаните средини на градот во центарот се бележи повисока темпертура.

Според најавите вакви и уште повисоки температури се очекуваат од утре, понеделник па во текот на целата следна недела каде живата на термометарот ќе се искачува и над 45-от степен Целзиусов.