АктуелноОхрид

Во Езерото кај Трпејца, пронајдена рачна бомба од Првата светска војна – истата е безбедно подигната

Вчера во 11:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.

Од МВР информираат дека од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна која е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.

фото: Архива