Додека цела деценија чекаме да се догради автопатот за Охрид кој е далеку од готов, и додека јавноста остана шокирана од како Владата одеднаш го затвори влезот во Охрид ( за да го дограделе автопатот ) и сообраќајот го насочи по стариот пат за Струга, на Јутуб каналот на порталот Patuvanja.mk објави видео снимка која трае скоро еден час , снимена на автопат во Грција, на д елницата која го поврзува Солун со пристанишниот град Игуменица кај островот Крф.
Овој автопат во Грција е изграден пред околу 30 години, со преку 50 тунели во двата правци и одлични коловози и панорами околу патот.
https://youtu.be/rnRa6cQ_Upk