четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Нападнат претседателот на бугарското здружение во Струга

Во бугарските медиуими како бомба одекна веста дека од непознато лице бил нападнат претседателот на струшкото бугарско здружение “Шемето ”, Бекир Кадриески.Како што пренесуваат тамошните медиуми тој бил соборен на земја и клоцан. Лицето кое што го нападнало,навредувајќи го на етничка основа, наводно му се обратило со зборовите “валкан бугарин”.Вријат и социјалните мрежи, новосвестените бугари шират дезинформации дека Кадриески бил тешко повреден,дека едвам зборувал и дека бил оставен сам без лекарски надзор и во живото загрозувачка состојба, што од струшката општа болница жестоко го демантираат, објави Алфа. 

Лекарите за Алфа велат дека Кадриески бил сместен на интерното одделение, немал сериозни повреди,по преглед од страна на хирург и интернист биле констатирани повреди во делот на стомакот и бил видно вознемирен, за што му бил даден само седатив.Во текот на денов велат од болницата, ќе биде пуштен дома.

Во болницата покрај полицијата присутен бил и бугарскиот конзул,со кој Кадриески побарал да зборува на само.

Инаку Кадриески е државјанин на Република Македонија,а живее во струшко Лабуништа Тој нема бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.

 

Текстот во целост на : Алфа.