Струга доби нов современ објект кој ветува да стане едно од најпосакуваните места за организирање свадби, семејни прослави и свечени настани. BALFIZ HOTEL & EVENTS ги отвори своите врати со амбиција да понуди врвна услуга, елегантен амбиент и незаборавно искуство за своите гости.
Новата свечена сала се издвојува по својот модерен дизајн и вниманието посветено на секој детал. Посебна атракција претставува таванот декориран како ѕвездено небо, кој создава уникатна и романтична атмосфера, идеална за свадбени церемонии и други важни животни моменти.
Од менаџментот на BALFIZ HOTEL & EVENTS истакнуваат дека објектот е наменет за организирање свадби, веридби, крштевки, матурски прослави, родендени, корпоративни настани и други свечености, при што на гостите им се нуди комплетна организација и професионална услуга.
Со слоганот „Под ѕвездената светлина, твојата вечност започнува“, BALFIZ HOTEL & EVENTS има за цел да создава спомени кои ќе траат цел живот.
За повеќе информации и резервации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број +389 70 232 924.















