сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

ДЕМОКРАТИ: Да се разбудиме Охриѓани, пред да биде многу касно

Здравството ни е во катастрофална и хаотична состојба, како и секаде во Македонија.
Не смееме да дозволиме властите да ни го уништуваат здравството, затоа што се работи за нашето здравје и животи, за здравјето и животите на нашите деца, внуци, фамилии и сограѓани.
Секоја чест до доктор Горан Балески директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, врвен хирург и уролог што има храброст да ја кажува вистината за катастрофалната и хаотична состојба во здраство во Охрид, се вели во објавата на ФБ од Демократи.

Во продолжение на истата од партијата додаваат:

Доктор Балески вели ,,Има служби кои буквално за ништо не можете да ги искористите. Немедицински и неупотреблив персонал во здравствените установи во земјава е клучната причина за недостигот на лекари и медицински сестри. На седумдесет специјалисти можете да израчунате колку е другиот дел од вработени кои не ни требаат. Кризата покажа дека години наназад се примал персонал кој што не треба да е во општа болница Охрид, кој што нема медицинско образование. Нас ни требаат сестри, лекари и тие неколку во администрација, другите не ни требаат. Имаме еден тон такви служби кои за ништо не можете да ги искористите. Која власт како се менувала примила што треба и што не треба. Тоа го покажа кризата сега да имаме конкурс треба сите сестри и доктори од трите болници во Охрид до еден да ги примиме. Ние сме три установи и сегде фалат и сестри и доктори.
Поради недостиг на финансии лекарите не се праќаат на едукација во странство. Застарената опрема, условите за работа и ниските примања се причина што голем дел од специјалистите ја напуштаат државата.
Три години немаме доктор пратено на едукација. Ниеден доктор не отишол да се едуцира за некоја нова метода, Немаме пари, ниту можност имаме за да пуштиме. тоа а доколку три години лекарот не се едуцирал некаде исто е како да не завршил медицина која оди се напредна и се менува опрема кадар протокли и да одат во странство да завршат специјализација што ќе прават во Охрид. Ќе завршат најмодерна специјализација и кога ќе дојдат тука ехото е 30 години старо и затоа си заминуваат и јас да сум ќе си заминам. Да сум млад лекар со сите десетки никогаш тука не би работел’’, вели доктор Горан Балевски.
ДЕМОКРАТИ му даваат целосна поддршка на доктор Горан Балевски и на здравствениот персонал на охридската болницата.
ДЕМОКРАТИ ги повикуваат Охриѓани да му дадат поддршка на доктор Горан Балевски и да излеземе на протести против катастрофалното здраство, кое здравство ги става животите на сите жители на Општина Охрид во животна опасност!
За жал, денес, после една година состојбата во охридската болница е уште полоша!

извор: ФБ Демократи