понеделник, ноември 25, 2024
UncategorizedИздвојувамеНаш ИзборНаш изборОхрид

Колкава оштета ќе треба држава да плати за хотелот кај Лагадин ?

После речиси 10 години медиумска кампања за уривање на објектот, „шарени“ протести „ постови на ФБ и изјави по медиуми на политичари од СДСМ Охрид кои тоа го користеа како примамлива тема за напади врз ВМРО ДПМНЕ и собирање поени кај граѓаните, и тешки злоупотреби на медиумите кои соопштенија од не постоечка организација која всушност е ФБ страна која тие лажно ја факторизираа како невладина организација, дојде ден кога јавноста дозна дека хотелот кај Лагадин на денешен ден 8 март 2022 година победил на суд и може слободно да се гради.

И по ова фијаско на лажните екологисти, политичари и новинари молк од сите. Ако ги погледнете медиумите кои ја водеа кампањата за уривање на хотелот , таму нека да најдете ни еден збор за тоа дека се исцрпени сите правни механизми за спречување на градење на објектот и дека тој сега може да биде дограден без никаков проблем.

КОЛКАВА ШТЕТА МОЖЕ ДА ПЛАТИ ДРЖАВАТА ? !

Доколку сопственикот се одлучи да бара обештетување за тоа што го држеа заглавен во правен лавиринт, силно поддржан од медиумите, штетата која ќе треба да се плати од државната каса би била огромна. Изгубените години во кои објектот стоел не дограден се изгубени пари , бидејќи истиот одамна би бил отворен и би работел.

СДСМ ЗАЕДНО СО МЕДИУМИТЕ КОИ РАБОТЕА ЗА НИВ УПОРНО МОЛЧАТ

Нема реакции од СДСМ Охрид, ниту било каква информација на медиумите кои работеа заедно со нив на пропагандата за уривање на хотелот и сега партијата и локалните портали кои сакаат за себе да велат дека се „професионални“, координирано потонаа во молк.

ПОВРЗАНА ВЕСТ

Една година се криело дека е пресудено хотелот во Лагадин да се гради

Љ.Т.