Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе
одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг.
Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата
генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на
Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да
студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и приватно се усовршува со Доминик
Мерле.
Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар во Мароко, „Висеу“, на натпреварот во
Португалија, на конкурсот „Гран при Анимато“, како и на натпреварите во Лидс и во Даблин.
Тој е прв победник од кинеска националност на престижната награда на конкурост „Лонг-
Тибо“ во 2004 година. Овие признанија му носат на Сихенг Сонг бројни можности за настапи
низ целиот свет, и тоа во: Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Настапува на
фестивалите „Рок Антерон“ во Франција, фестивалот во Рур, Германија, Фестивалот „Бетовен“
во Бон, и фестивалот во Душники во Полска. Како солист со оркестар настапува со голем број
оркестри во Франција, како и со оркестрите во Монте Карло, со Оркестарот „Хале“ во В.
Британија, со Камерниот оркестар во Виена, со Кинеската филхармонија, со Филхармонијата во
Хонг Конг и Новата jапонска филхармонија.
Сихенг Сонг бил член на жирија на повеќе натпревари, а бил и најмлад резидентен уметник на
Шангајскиот Гранд театар. Од 2010 година тој започнува со нов тип на концерти во кој го
комбинира стандардниот рецитален формат со мултимедија и досега има направено 5 такви
проекти во кои прави спој на музиката и театарот, уметноста и литературата што придонесува
кон доближување на класичната музика кон публиката на 21 век.
Редакцијаавгуст 12, 2026
posted on















