АктуелноОхрид

Соопштение – Недела на Св. Григориј Палама

Почитувани верници, светата Обител на Светиот Победоносец Георгиј во Рајчица и оваа година ве поканува заедно да го прославиме празникот на големиот поборник за верата Христова и наш небесен застапник Свети Григориј Палама, кој годинава се совпаѓа со празникот и на Светиот Агатангел Битолски. По тој повод, во параклисот при манастирот за поклонение ќе бидат изложени и моштите на Светиот Агатангел Битолски кои верно се чуваат во Бигорскиот манастир.

– сабота, 11 март 2023 –
❈ Во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.

– недела, 12 март 2023 –
❈ Следниот ден, недела во 07:30 часот ќе започне Утрената богослужба.

❈ Божествената Архиерејска Литургија ќе започне во 09:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со јеромонасите од нашата света Обител.

Благослов да присуствуваат имаат сите кои сакаат заедно со нашето братство и сестринство да му оддадат чест и да упатат молитви кон проповедникот на благодатта, Свети Григориј Палама, како кон Свети Агатангел Битолски. Богослужбите ќе се отслужат во параклисот на Свети Григориј Палама при манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител