Охрид

Една година се криело дека е пресудено хотелот во Лагадин да се гради

Фотографиите кои ги објави ФБ страната Охрид СОС, а на кои се гледа дека на објектот во Лагадин се вршат градежни работи, во јавноста ја истадоа на виделина дека власта во Скопје криела од јавноста дека сите правни механизми се исцрпени и хотелот ќе се гради. Дали на крај се докажа дека хотелот ги имал сите потребни документи и дека всушност скоро 10 години стои не дограден бидејќи политичарите го заглавиле во медиумски лавиринти, со цел да добијат одреден рејтинг прикажувајќи се како „екологисти’.

 

„Ве информираме дека Секторот за управно надзрорни работи во Министерството за транспорт и врски постапил согласно пресудата на Управниот суд број У-3.бр.341/2020 од 08.03.2022 година, со кое Управниот суд го поништи решението на Министерство за транспорт и врски и на општина Охрид за огласување за ништовно на одобрението за градење.“ – стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски, со што се открива дека утре на 8 март ќе се наврши точно една година од како била донесена оваа пресуда.

OHRID SOS ИГНОРИРАН ОД МЕДИУМИТЕ И ПОЛИТИЧАРИТЕ

Постот со кој од Охрид СОС јавија дека на објектот има градежни работи беше игнориран токму од охридските медиуми кои во минатото беа нај големи поддржувачи на оваа ФБ страна. Единствено Супер Радио во вестите и на порталите го објави постот на Охрид СОС.

Дека Охрид СОС сега е товар за медиумите од Охрид кои сакаат да се прикажуваат како високо професионални говори и фактот што од Охрид СОС сите медиуми ги тагирале на постот, па ни тој акт и крик не допрел до ушите и срцата на газдите на охридските медиуми кои сами сакаат да се нарекуваат објективни и високо професионални.

За потсетување тоа се истите телевизии и портали кои го факторизираа Охрид СОС и секојдневно го имаа во своите содржини.

СИТЕ ФАЗИ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД СДСМ ОХРИД

Партијата СДСМ Охрид  ( која речиси за ништо не се огласува и скоро ништо не коментира во јавноста ) сега молчи за ова прашање. Но ако сегашната претседателка на СДСМ Охрид е целосно нема за секое прашање, нејзините претходници беа многу гласни, потоа и тие онемеа, а лидерот на СДСМ Зоран Заев сам најави дека хотелот „нема да не може да се легализира“.

Во 2015 година, тогашните фронтмени на СДСМ, Томислав Тунтев и Жаклина Лазареска беа сраснати со Охрид СОС. Ако се погледне што постирале на ФБ се гледа нивната поддршка на оваа ФБ страна ( која тие лажно ја промовираа во невладина организација која во реалноста не постои ). Секојдневни постови, крици за спас на Охрид и езерото, до целосно замолчување по 2017 кога дојдоа на васт.

Но, ако пратениците од СДСМ замочија, тогашниот лидер на партијата зборуваше. Тој во Охрид кажа дека „нема да не може и мора да може“

Љ.Т.