СВР Охрид поднесе кривична пријава против жител од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро во туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, зазел површина од околу 180 метри квадратни што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно, без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце
извор: СВР Охрид