АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Столбови за ограничување и урбана опрема на „Македонски Просветители“

Во рамки на активностите за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ утрово екипи на Охридските јавни претпријатија поставуваат столбови за ограничување и друга урбана опрема по должината на улицата со цел побезбедно сообраќање и движење на пешаците.
Активностите за реконструкција на улицата започнаа минатата година. Согласно проектот на улицата има комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нови коловозни ленти одвоени со зелен појас, информира во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.