Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј денеска оствари посета на Враништа, при што го посети храмот „Св. Никола“ и музејот во неговиот склоп.



Во рамки на посетата, митрополитот оствари средба со отец Ристе од Вранишката парохија, а посебно внимание беше посветено на најмладите членови на Православната младина при парохијата.

На средбата, г. Георгиј им подари книги на децата и младите, меѓу кои и Библии соодветни за нивната возраст – за помалите и за поголемите деца. Со овој гест, митрополитот им даде поттик на најмладите да се запознаваат со Светото писмо, христијанските вредности и духовното наследство на Православната црква.




Посетата на храмот, разгледувањето на црковниот музеј и средбата со парохискиот свештеник и младите претставуваа можност за непосредна комуникација и поттикнување на духовниот живот во Вранишката парохија.
Грижата за младите и нивното запознавање со православната вера и традиција остануваат важен дел од животот на црковните заедници, а ваквите средби придонесуваат за негување на духовните вредности и поврзаноста на младите со Црквата.


















