сабота, ноември 23, 2024
АктуелноИнтервјуаОхрид

ЈП „Билјанини извори“ претпријатие за пример – со домаќинско работење, потрошената електрична енергија намалена за 70 %

Домаќинското работење на ЈП „Билјанини избори“ ги дава првите резултати. Потрошената електрична енергија во месец август е намалена за 50 %, а септември, октомври и ноември е намалена за 70 %.

Директорот ни открива дека тоа се должи на серија превземени активности кои беа утврдени од страна на формираниот тим задолжен за изготвување на план за заштеда на потрошувачката на електричната енергија.

„Уште од самата промена на менаџментот на јавното претпријатие се пристапи кон средувањето на  состојбите со потрошувачката на електричната енергија во јавното претпијатие, тековните случувања во делот на енергијата само дополнително не мотивираа тој процес да го убрзаме со цел да го добиеме ефектот кој погоре го спомнавте. Конкретно што се однесува на Спортската сала, прво пристапивме кон помалите корекции во делот на електричната енергија, замена на инсталации и промена на дел од халогенските рефлектори со нови штедливи, ЛЕД рефлектори. Потоа пристапивме кон најважниот процес, одвојување на сите приватни субјекти кои користеа електрична енергија преку нас, кој придонесе ние како јавно претпријатие прво да го подобриме системот на контрола на потрошувачката на електричната енергија а второ да ги намалиме тековните загуби на електричната енергија. Што се однесува до вториот наш објект по висина на потрошувачка на ел. енергија, Градски стадион, ние во соработка со ЕВН донесовме одлука и решенија со која сите идни поголеми потрошувачи на ел. енергија ги задолжуваме истата да си ја обезбедат преку поставување на контролно броило од страна на ЕВН, тоа значи, секој еден што ќе организира концерт на стадион ќе има обврска директно со ЕВН да склучи договор за да обезбеди ел. енергија за потребите на организација“, вели Андоновски.

Андоновски за Охрид 1 открива дека откако тој е директор на ЈП нема ниту едно генерирано извршно решение пред се поради  начинот на носење на одлуки кој се темели согласно можностите на претпријатието и домаќинското работење со истото.

„Со превземањето на јавното претпијатие ние прво што пристапивме беше утврдувањето на вкупниот долг на истото кој за жал не можевме точно да го утвдриме бидејќи тековно имавме финансиски промени кои се засноваа на дневни камати и ненаплатени обврски кон доверителите. Она што можам да Ви кажам е дека долгот изнесуваше повеќе од 80 милиони денари што за мене како сегашен директор и вработен во јавното претпијатие беше страшно поразително и изненадувачки. Од овие повеќе од 80 милиони, со сигурност знаеме дека 37 милиони денари е долгот према УЈП со камати, од нив 24 милиони денари се главен долг. Другиот долг се однесува кон добавувачи, Управни одбори, комуналии и извршни решенија. За жал во минатото обврските кон другите јавни претпијатија воопшто не се плаќале или многу малку така што тој однос денес за јавното прептпријатие генерира голем долг кој само кон ЈП “Водовод” е во висина од 23 милиони денари. За жал во минатото имало и многу постапки кон вработените кои ние како претпријатие сме ги губеле поради непочитување на закон во делот на работни односи , одлуки кои се носеле без или спротивно на одлуките на управниот одбор, кои придонеле дополнително јавното претпијатие да биде оптеретено финансиски“, истакнува директорот.

Првиот човек на ЈП „Билјанини извори“ открива дека во овој момент комплетно се фокусирани што подобро да се подготват за претстојните зимски фудбалски припреми.

„Со досегашните најави можам слободно да констатирам дека  фудбалските терени со кои стопанисуваме за време на зимските подготовки ќе се максимално искористени од страна на фудбалските тимови. Оваа година имаме многу најави за користење на нашите терени од страна на националните и посебно странските фудбалски тимови што е од голем бенефит на целокупната охридска заедница“, вели Андоноски.

Охрид е прва општина во регионов која обезбеди и хуманитарни паркинзи.  Овие пари ќе се даваат годишно.

„Особено ми е мило што и покрај сите тековни проблеми, наталожени финансиски обврски, ние од оваа година, на предлог на Градоначалникот, ги отворивме првите хуманитарни паркинзи, така што Охрид е првата Општина во регионот која овозможи преку еден ваков начин дополнително да ги подржи хуманитарните здруженија. До сега од јули месец кога ги отворивме хуманитарните паркинзи на посебната сметка се слеани 56 000 денари . Начинот и постапката за распределба на средствата ќе бидат заедно утврдени со градоначалникот на Охрид за што благовремено ќе ја известиме јавноста. Во иднина планираме дополнително да отвориме уште повеќе хуманитарни паркинзи кои би биле лоцирани на наколку места во градот“, вели Андоновски и додава:

„Сите сме сведоци на ценовните шокови кои секојдневно ги имавме и сеуште ги имаме во однос на тековните годишни расходи согласно нашите обврски и тековни активности. Не би сакал да елеборирам многу околу тоа но за да добие јавноста појасна слика околу тоа би напоменал дека само за работа на градскиот базен и тоа два месеци, ние оваа година имавме 2.5 милиони денари расходи што навистина преставува голем терет за јавното претпријатие. Кога ќе споредите со 300 илјади денари приход од градскиот базен тогаш доаѓате до сериозни предизвици кои мораат да се менаџираат зошто јавниот интерес пред се кога децата се во прашање немаат цена и сите ние мораме тоа да го знаеме и да го поддржуваме“, вели првиот човек на ЈП Билјнини извори.

Општина Охрид и градоначалникот заедно со нас максимално се посветени во поддршката на спортот и во иднина таа поддршка уште повеќе ќе оди нагоре како во делот на спортската инфраструктура така и во делот на поддршката на самите клубови кои ги користат нашите услуги, вели директорот.

„Планивите се големи за наредната година но сепак многу од нив ќе зависат и од моменталните економски состојби во државата. Имаме дефинирано неколку инвестиции за наредната година од кои би ги истакнал, осветлувањето на фудбалскиот терен со вештачка трева, комплетна замена на сегашните халоген рефлектори со ЛЕД рефлектори со што дополнително ќе имаме заштеда на потрошувачката на електричната енергија како и воведување на сопствен систем за водоснабдување кое во голема мера ќе ни ги намали трошоците по основ на потрошена вода која поради градскиот базен е енормно голема.

Она што е битно за мене како директор во овој момент е што го запревме процесот на генерирање на нови долгови, немаме  нови извршни решенија и обврските кон државата и доверителите редовно се сервисираат .

На крај би сакал да напоменам дека покрај сите потешкотии кои ги имавме и сеуште имаме поради економските состојби во државата, ценовните шокови, како и драстичното намалување на квантитетот на паркинзите поради реконструкцијата на Ул. “Македонски Просветители”, ние како претпријатие успеавме тековно да ги сервисираме платите на вработените и покрај сите расходни оптеретувања, што е од особено значење за сите нас. Моја, наша задача во иднина, после стабилизирањето на тековното сервисирање на финансиските обврски, ќе биде целосно да се посветиме кон подобрување на стандардот на моите колеги како предуслов на развој на јавното претпријатие. Мене ми е жал што неуспеавме оваа година да го започнеме тој процес на подобрување на животниот стандард кај моите колеги, иако постоеше голема желба за тоа, но искрено се надевам и верувам дека заедно со Општина Охрид и градоначалникот. Ќе успееме во брзо време а на темел на се она што го сработивме оваа година и тој процес да го откочиме и започнеме и посебно да се насочиме кон негово стратегиско развивање.“, истакна директорот Андоновски.

извор: Охрид 1