АктуелноОхрид

За првпат отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски во базиликата „Свети Петар“ во Рим

Во петок, на 23 октомври 2026 година, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител. Молитвениот чин го отслужи Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски.

На молитвеното чествување присуствуваа г-ѓа Сања Митровска, вршител на должност во македосната амбасада  при Светата Столица, г-ѓа Магдалена Димова, вршител на должност во амбасадата во Италија, како и вработени во двете дипломатски претставништва и претставници на Дебарско-кичевската митрополија.

Овој молитвен чин, отслужен во еден од најзначајните христијански храмови, претставува посебно духовно чествување на Свети Еразмо Охридски , чие име е поврзано со христијанското духовно наследство на Охрид и Македонија.